ФОТО | Итна хоспитализација: Хејли Бибер завршила во болница поради проблеми со мозокот

Хајли Бибер
Хајли Бибер / Фото: Инстаграм, Хајли Бибер

Манекенката Хејли Бибер пред неколку дена завршила во болница поради здравствени проблеми поврзани со мозокот, односно имала симптоми слични на мозочен удар, објави „TMZ“.

„Во четвртокот наутро седев на маса и појадував со сопругот кога почувствував симптоми слични на мозочен удар и веднаш отидов во болница. Таму утврдија дека имам мало згрутчување во мозокот до кое дошло поради недостаток на кислород. Згрутчувањето сепак помина и закрепнав за неколку часа. Иако ова беше најстрашниот момент во мојот живот, сега сум дома и сум добро. Благодарна сум им на прекрасните лекари и медицински сестри кои се грижеа за мене. Благодарна сум им на сите кои ми се јавија со убави желби“, стои во нејзиното официјално обраќање до јавноста.

Извори блиски на 25-годишната манекенка откриле дека, после сè, таа има проблеми со движењето и дека оди на испитувања кои треба да ја откријат причината за нејзините проблеми. Лекарите веруваат дека е можно симптомите да се поврзани со ковид-19, а познато е дека нејзиниот сопруг Џастин Бибер неодамна го прележа вирусот.

Хајли Бибер
Фото: Скриншот, Инстаграм

Џастин Бибер е позитивен на ковид-19: Пејачот ја одложи светската турнеја „Justice“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот