Џастин Бибер е позитивен на ковид-19: Пејачот ја одложи светската турнеја „Justice“

џастин бибер
Џастин Бибер / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Џастин Бибер е позитивен на ковид-19, пренесуваат светските медиуми. Пејачот морал да ја одложи својата светска турнеја „Justice“.

Во саботата беше објавено дека шоуто во Лас Вегас закажано за недела е одложено по избувнувањето на ковид-19 во тимот на 27-годишната поп ѕвезда.

„Поради позитивните резултати на ковид-19 во рамките на семејството на „Justice Tour“, ние, за жал, ќе мораме да го одложиме неделното шоу во Лас Вегас“, се вели во соопштението. „Џастин, се разбира, е многу разочаран, но здравјето и безбедноста на неговата екипа и обожавателите се секогаш негов приоритет број еден“.

Светската турнеја „Justice“, која првично требаше да започне во март 2020 година, беше одложена скоро две години поради пандемијата.

Бибер го започна првиот концерт во петокот во Сан Диего. Лас Вегас беше втората станица на турнејата, која е предвидена да трае до март 2023 година.

„Почетокот на турнејата во Сан Диего беше огромен успех и Џастин е возбуден да им го донесе ова спектакуларно шоу на своите фанови во Лас Вегас што е можно поскоро“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот