Двојна битка против Грција: Македонија ги доби противниците во битката за пласман на ЕП 2026 во машка и женска конкуренција
Oдбојкарската репрезентација на Македонија ќе води двојна битка против Грција во машка и женска конкуренција во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
Препорачано
Во машка конкуренција Македонија ќе се обиде да дојде до четврти последователен настап на континтенталните собири и ќе играат против Грција и Грузија. Од друга страна дамите покрај пресметките со Грција ќе се соочат и против Австрија.
Инаку, за првпат оваа година ЦЕВ не одредуваше групи со ждрепка, туку според рејтингот на националните репрезентации. Репрезентациите беа поделени во седум групи со по три тима. Од групите седумте првопласирапласирани и најдобрите пет второпласирани селекции ќе обезбедат настап на Европското првенство.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:
Грузија – МАКЕДОНИЈА (17/18 август 2024)
МАКЕДОНИЈА – Грција (24/25 август 2024)
Грција – Грузија (28/29 август 2024)
Грузија – Грција (9/10 август 2025)
Грција – МАКЕДОНИЈА (13 август 2025)
МАКЕДОНИЈА – Грузија (16/17 август 2025)
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА:
МАКЕДОНИЈА – Австрија (17/18 август 2024)
Австрија – Грција (24/25 август 2024)
Грција – МАКЕДОНИЈА (28/29 август 2024)
МАКЕДОНИЈА – Грција (2/3 август 2025)
Грција – Австрија (6 август 2025)
Австрија – МАКЕДОНИЈА (9/10 август 2025)


