Двете најстари деца на Берлускони ја преземаат контролата над неговата империја

Семејството Берлускони / Фото: Alessandro Serrano' / Universal images group / Profimedia

Најстарите деца на Силвио Берлускони, Марина и Пјер Силвио, заеднички ќе ја делат мнозинската контрола врз деловната империја што тој ја основал, откако тестаментот на поранешниот премиер на Италија беше разоткриен.

Марина и Пјер Силвио Берлускони, кои и двајцата веќе имаат извршни улоги во дел од бизнисот, ќе имаат еднакви акции во заедничка вредност од околу 53 отсто во семејната холдинг компанија Фининвест, стои во извештајот на новинската агенција „АНСА“.

Марина претседава со Фининвест, додека Пјер Силвио беше одговорен за ТВ бизнисот „МФЕ“, кој долго време беше „скапоцен камен“ во круната на семејството.

Петте деца на Берлускони претходно рекоа во соопштението дека „ниту еден акционер нема да врши севкупна индивидуална индиректна контрола на Фининвест, претходно вршена од нивниот татко“.

Барбара, Елеонора и Луиџи Берлускони, неговите три деца од вториот брак, помалку се занимаваат со семејниот бизнис.

Берлускони, кој почина на 12 јуни на 86-годишна возраст, ја донел својата одлука за наследство уште во 2006 година, покажа копија од тестаментот што го видел „Ројтерс“. Тој го потпишал својот аманет со зборовите: „Благодарам, многу љубов до сите вас, вашиот татко“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот