Двајцата македонски боксери Лама и Етеми на Светското првенство во Белград

Јасим Лама и Арсим Етеми ќе го претставуваат македонскиот бокс на СП во Белград/Фото: facebook.com/arsim.etemi.7

Веќе официјално стартуваше Светското првенство во бокс кое се одржува во српскиот главен град Белград од 24 октомври до 6 ноември 2021 година во „Штарк“ Арената.

На ова СП Македонија ја претставуваат двајца боксери, Јасин Лама во категоријата 60 кг. и Арсим Етеми во категоријата 80 кг.

Лама својот настап ќе го има в среда (27 октомври) против Фабио Росели, натпреварувачот од Сејшели.

Етеми во првото коло е слободен, а на 30 октомври ривал ќе му биде Молдавецот Андреј Чириаков.

Во овие две недели 650 боксери од целиот свет ќе се борат за освојување на еден од медалите.

За прв пат во историјата на Светските првенства, освојувачите на медал ќе добијат и парични награди, а вкупниот награден фонд изнесува 2.600.000 милиони долари. За злато ќе се добие 100.000 долари, за сребрен медал Светската боксерска федерација (АИБА) ќе додели 50.000 долари, додека бронзата носи 25.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот