Два златни медали за Камелија Недев на ИТКФ интерконтиненталниот куп во Вроцлав

Камелија Недев на ИТКФ интеконтиненталниот куп во Вроцлав, Полска/фото:instagram.com/nedevdejan

Одлични резултати за македонската репрезентација во традиционално карате на ИТКФ интерконтиненталниот куп во Вроцлав, Полска, освојувајќи пет медали од кои два златни, еден сребрен и два бронзени.

Камелија Недев се закити со два златни медали во кати и кихон ипон кумите за деца 12-13 години.

Потоа, Софија Јарчевска дојде до среброто во кихон ипон кумите за деца 12-13 години.

Бронза освои Филип Недев во џиу ипон кумите за деца (10-13 години), како и Максим Поп Трпев во кихон ипон за деца (8-9 години).

На ИТКФ интерконтиненталниот куп се натпреваруваат 700 каратисти од 25 земји. Во тек се натпреварите во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот