Дуелот Вардар 1961 – Мешков Брест ќе почне со минута молчење во чест на Кинтана

epa07861805 Vardar's Timur Dibirov (L) in action against Porto's goalkeeper Alfredo Quintana Bravo (R) during the EHF Champions League handball match between HC Vardar and FC Porto Sofarma in Skopje, Republic of North Macedonia, 22 September 2019. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Утрешниот натпревар меѓу Вардар1961 и Мешков Брест закажан за 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе започне со минута молчење.

Ракометното семејство изгуби еден од своите најсакани ликови минатиот петок (26.02.2021) – Алфредо Кинтана.

Голманот на Порто кој му беше соиграч на македонскиот репрезентативец Никола Митревски на 26 февруари почина на 32-годишна возраст, тој доживеа срцев за време на тренингот на португалската екипа.

Многу спортски клубови, така и Вардар 1961 испрати сочувство до семејството Кинтана, пријателите и соиграчите, како и до клубот Порто и португалската ракометна федерација.

Во чест на овој голем спортист, ЕХФ одлучи да има една минута молчење на почетокот на претстојниот натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот