ТЕЦ „Неготино“ / Фото: МИА

Државната ЕСМ поднесе приговор до ОЈО ГОКК за затворањето на истрагата за мазутот

Државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) поднесе приговор за затворената истрага за набавката на мазут, во која меѓу обвинетите беше и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој избега од државата, како и бизнисмените Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, меѓу другите.

Од компанијата велат дека приговорот е поднесен за да се укаже дека имало одредени неправилности во водењето на постапката и да се побара дополнително разгледување и контрола.

Ова доаѓа откако обвинителката Катерина Коларевиќ, која го водеше и го затвори предметот, минатата недела откри дека токму претставници на ЕСМ, овластени од актуелниот директор на државната компанија, тврделе дека нема ништо спорно во набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, а токму нивните искази биле клучни за одлуката на Обвинителството да ја запре истрагата.

Актуелни претставници на ЕСМ дале искази кои биле клучни за да се затвори предметот со мазутот, вели обвинителката Коларовиќ

По затворањето на истрагата која во ОЈО ГОКК траеше една година, од ЕСМ веќе оценија дека обвинителката Катерина Коларевиќ „паушално го спровела вештачењето“ и „погрешно ги интерпретирала изјавите на инженерите“, кои според државната компанија биле повикани исклучиво да ги објаснат техничките аспекти на набавката и производството, а не да оценуваат дали има финансиска штета.

„Денеска е доставен приговорот од АД ЕСМ до ОЈО ГОКК и Вишото јавно обвинителство. Исто така, како што најавивме, поднесено е барање за контрола и до Јавното обвинителство. Барањето е со цел да се утврдат недоследностите за водење на постапката“, соопшти ЕСМ.

Пропадна предметот со Капушевски и Јахоски за мазутот — „не се утврдени злоупотреби“, вели Обвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот