Државен рекорд на Дрита Ислами на 400 метри со пречки

фото: АФМ

Над 150 натпреварувачи учествуваа на Националното првенство за младинци во атлетика кое вчера се одржа на националната арена „Тодор Проески”.
Најзабележителен резултата постигна Дрита Ислами кој постави нов државен рекорд на 400 метри со пречки. Времето на новиот државен рекорд изнесува 58.66 секунди со што освои 1061 ИААФ бодови.

Дрита Ислами/фото: Атлетска федераџија на Македонија

– Можам да кажам дека сум пресреќна бидејќи се вратив после повредата, поточно сега сум многу појака а тоа ме израдува, можам да трчам здрава и се надевам дека следните трки ќе бидат уште по успешни од оваа. Мојата цел за оваа година е да бидам прва на Европското тимско првенство кое ќе се одржи во Кипар, трета лига. Ќе трчам на многу дисциплини но секако приоритет ќе ми биде на 400 метри со пречки – изјави Ислами.

Поради пандемијата на коронавирусот, минатата година македонските атлетичари немаа меѓународни настапи и наредниот период ќе бидат активни на тоа поле.
– Што се однесува за календарот од минатата година, како Федерација бевме единствените кои што во услови на пандемија со посебни протоколи успеавме да го реализираме цел план и календар. Во моментов се подготвуваме за Европско и е наменето за млади сениори до 23 години, исто така имаме европско тимско првенство во Кипар кое што треба да се одржи во Јуни на кое ќе настапи тим од нашата федерација и секако финале на сезоната за годинава е Олимпијада во Токио – вели Александра Војнеска Зикова, претседателка на АФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот