Домовите за стари лица драстично поскапи во Хрватска

Домовите за стари лица драстично поскапи во Хрватска. Од таму велат дека одлуката за зголемување на цените, која стапува на сила на 1 ноември, била неопходна бидејќи оваа гранка е дополнително оптоварена со зголемувањето на цените на енергијата, хигиенските средства и прехранбените производи. Наведуваат дека цените на сместувањето зависат од категоријата, потребните услуги и другите критериуми, па затоа цената на сместување во еднокреветна соба во болничкото одделение ќе се зголеми од сегашните 475 евра на 642 евра. Цената на сместување во двокреветна соба, која беше 450 евра, ќе биде 563 евра.

За корисниците на прво ниво на услуга, цената на еднокреветна соба со балкон исто така ќе се зголеми од 475 евра на 642 евра, двокреветна соба со балкон, која беше 550 евра, ќе биде 743 евра, додека цените на сместувањето во апартмани, во зависност од категоријата и бројот на лица, ќе бидат од 635 до 905 евра.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот