Доминација на Марк Маркез сезонава во Мото ГП шампионатот
Доминацијата на осумкратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, продолжи денеска на патеката „Балатон Парк“ на Големата награда на Унгарија, каде што славниот Шпанец убедливо ја освои 10 од 14 главни трки оваа сезона.
Препорачано
Шесткратниот шампион во кралската класата стартуваше од водечката позиција, но на стартот беше претекнат од Италијанците Марко Бецеки и Франко Морбидели.
Маркез ги бркаше двајцата – го претекна Морбидели во петтиот круг, а потоа следеше битка со Бецеки.
Возачот на Априлија не се откажа, а првиот конкретен напад беше виден во седмиот круг, кога апсолутниот лидер во шампионатот го претекна Бецеки двапати во краток интервал.
Сепак, Италијанецот се одбрани во двата наврати и го задржа водството некое време. Не му требаше многу на Маркез да го престигне и да ја зголеми својата предност во генералниот пласман за 455 поени.
Втор е неговиот брат Алекс Маркез со 280, а трет е соиграчот Франческо Бањаја со 228. Следната трка за Големата награда на Каталонија е на 7 септември.
🏆 Marc Márquez wins the #HungarianGP!
👑 10th GP win of 2025
🚀 13 Sprint wins
🐐 Still HIM.Bez resisted but not for too long. Pedro finally came good. But, Jorge! 🔥#MotoGP #HungarianGP #MarcMarquez
📸: Ducati pic.twitter.com/la3lAfRwa4
— CHEQUERED FLAG 🏁 (@cfmagindia) August 24, 2025


