Доларот се „лизна“, еврото забележа благо зајакнување

Јапонскиот јен зајакна во однос на доларот на 109,53 јена за долар. Швајцарскиот франк пак ослабна за речиси 0,2 отсто во однос на доларот и еврото.

Влијанието на доларот денеска се намали во однос на останатите најзначајни светски валути на меѓународните пазари за капитал, а зајакнување забележаа ризичните валути како ноцозеландската и австралиската.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската кон другите валути зајакна при ноќните тргувања за 0,2 отсто, накратко достигнувајќи 96,88 бодови, по што се „лизна“ на 96,82 бодови.

Еврото забележа благо зајакнување на 1,1299 долари, но сепак се уште е под највисоката разлика изминативе три месеци од 1,1384 долари, која беше регистрирана за еден момент минатата недела откако Европската централна банка го зголеми и го проширипрограмот за купување на имот во пандемиската криза.

Јапонскиот јен зајакна во однос на доларот на 109,53 јена за долар. Швајцарскиот франк пак ослабна за речиси 0,2 отсто во однос на доларот и еврото.

Новозеландскиот долар, валута која инвеститорите ја перцепираат како ризична, во однос на американската валута за момент достигна најголема разлика за повеќе од четири месеци. Нов Зеланд во понеделникот објави дека ќе ги укине сите мерки кои се спроведуваа за сузбување на корона вирусот.

Австралискиот долар во однос на американскиот во овие околности се задржа на највисоката разлика во период од пет месеци.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот