Докторот на Марадона: Горд сум на сè што направив, немам што да кријам!

Фото: Твитер

Веста дека личниот лекар на Диего Армандо Марадона, Леополдо Луке, е под истрага за смртта на славниот Аргентинец кој почина на 25 ноември, звучеше како „бомба“ во Аргентина.

Според аргентинските медиуми, Луке сè уште не е обвинет, но за време на судењето му биле прочитани неговите права.

– Сакате да знаете зошто сум одговорен? За фактот дека го сакав, дека се грижев за него, што му го продолжив животот и го направив подобар. Јас сум неврохирург. Се грижев за него по операцијата. Горд сум на сè што направив. Немам што да кријам. Му стојам на располагање на правосудството – рече Луке на прес-конференцијата.

Воедно додаде дека Марадона не сакаше да соработува со цел да се опорави што е можно побрзо по операцијата која ја имаше пред неколку недели.

– Требаше да оди на рехабилитација. Марадона мораше да биде сместен во центар за рехабилитација. Но, тој не сакаше. Него не можевте да го наговорите за нешто. Дури и не сакаше помош од физиотерапевт. Психијатарот побара брза помош секогаш да биде пред неговата куќа. Не знам кој е виновен за тоа што немаше итна помош тој ден – додаде Луке.

ВИДЕО: Лани го прашаа Марадона, кој е најдобриот фудбалер на сите времиња?

ВИДЕО: Неверојатно, Меси постигна скоро ист гол како Марадона!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот