ВИДЕО: Лани го прашаа Марадона, кој е најдобриот фудбалер на сите времиња?

EPA-EFE/Cezaro De Luca

Светот тагува поради смртта на еден од најголемите во фудбалската игра, Диего Армандо Марадона.

Некои повозразни ќе кажат дека Бразилецот Пеле е подобар од сите, или пак денес од помладите генерации ќе кажат Лионел Меси или Кристијано Роналдо, но кој е на врвот според Марадона?

Аргентинецот минатата година во интервјуто за „TyC Sports“ ги изненади сите со својот одговор, иако многумина мислеа дека ќе се одвои токму тој познавајќи го неговиот карактер.

Што се случувало во домот на Марадона, болничарката фатена во лага

Највисоката зграда на светот осветлена со ликот на Марадона

– Мислам дека најдобар на сите времиња е Алфредо Ди Стефано. Беше подобар од сите, дури и од мене – беа зборовите на Марадона.

Ди Стефано беше „Марадона пред Марадона“, легендарниот член на Ривер плејт, Милионариос, Уракан, Реал Мадрид и Еспањол, а воедно играше за дури три репрезентации Аргентина, Колумбија и Шпанија.

– Пеле не сакаше да признае дека Ди Стефано е суперталентиран. Пријателите на Пеле измислија посебен трофеј за него како жива легенда на фудбалот. Дури јас самиот го победив Пеле во Рио за наградата најдобар на сите времиња – додаде Марадона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот