Докторки советуваат: Ве мачи салото на стомакот? Избегнувајте четири вида намирници
Многу жени се борат со сало на стомакот кое не исчезнува и покрај здравата исхрана и редовното вежбање. Причината за ова често е хормонален дисбаланс, особено нерамнотежа на хормони како што се кортизол, инсулин и естроген. Овој таканаречен „хормонален стомак“ често е придружен со замор, надуеност и промени во расположението, а исхраната игра клучна улога во тоа како телото реагира.
Препорачано
Научникот и докторка по медицинска хомеопатија д-р Мамта Бхат, лекарката и нутриционистка д-р Кезија Џој и медицинската сестра Јустина Вознијак открија кои групи на намирници можат да го влошат проблемот и кои е важно да се избегнуваат или барем да се ограничат.
Рафинирани јаглехидрати
Белиот леб, тестенините и засладените житарки брзо се варат и предизвикуваат пад на енергијата и зголемен апетит.
„Тие исто така поттикнуваат воспалителни процеси во телото, кои може да се поврзат со наталожувањето на маснотии на стомакот“, предупредува д-р Бхат за „Ши фанјдс“ (SheFinds).
Подобар избор се интегралните житарки, кои ве одржуваат сити подолго време и ја поддржуваат хормоналната рамнотежа.
Засладени пијалаци
Газираните сокови и ароматизираните кафиња се полни со додаден шеќер без хранлива вредност.
„Прекумерниот внес на шеќер ги зголемува воспаленијата и ја нарушува рамнотежата на инсулинот, што е директно поврзано со зголемувањето на маснотиите во подрачјето на абдоменот“, вели д-р Џој.
Наместо тоа, се препорачуваат вода, незасладени чаеви и природни билни алтернативи.
Преработено и црвено месо
Сланината, колбасите и мрсните парчиња говедско месо се поврзани со хронични воспаленија и хормонално нарушување.
„Овие производи го влошуваат хормоналниот дисбаланс и го поттикнуваат складирањето на маснотии на стомакот“, истакнува д-р Бхат.
Експертките советуваат да се заменат со посни извори на протеини како што се риба, пилешко или мисиркино месо.
Млечни производи од кравјо млеко
Павлаката, сирењето и јогуртот можат да ги влошат симптомите, дури и кај оние без нетолеранција на лактоза.
„Некои жени се чувствителни на протеините од кравјо млеко, што може да доведе до воспаление и задржување на килограмите“, објаснува Јустина Вознијак.
Наместо тоа, се препорачуваат билни алтернативи, кои можат да помогнат во намалувањето на надуеноста и регулирањето на хормоните.


