Доколку Зверев излегува да се забавува ќе биде исфрлен од турнирот
Организаторот на тениската егзибиција во Берлин најде начин како да го смири Германецот.
Александер Зверев неодамна беше критикуван бидејќи и покрај препораките да биде во самоизолација тој беше уловен како се забавува во ноќен клуб во Монте Карло.
Зверев исто така играше на „Адриа тур“ турнирите во Белград и Загреб во организација на Новак Ѓоковиќ, а кои беа прекинати поради позитивните тестови на коронавирус на неколку играчи. Подоцнежните тестирања покажаа дека и Ѓоковиќ беше позитивен на ковид-19.
Организаторот на тениската егзибиција која треба од 13. до 19. јули да се одржи во Берлин планира ги договори Зверев, Доминик Тим како и Ник Кирјос, но за Германецот ќе има посебни правила. Имено, според директорот на тениската егзибиција Едвин Вајндорфер, доколку Зверев не ги почитува правилата тој ќе биде исфрлен од турнирот.
– Ќе го примениме принципот на нулта толеранција. Доколку тенисерот не се однесува како што треба и како наложува протоколот и мисли дека треба да оди на забави, ќе го исфрлиме од турнирот. Нема да има забави за играчите, дружење со децата или слична програма со која тенисерите би имале близок контакт со навивачите – порача Вајндорфер.
Организаторот ќе има стрикни правила кои ќе мора да се почитуваат на турнирот кој прво ќе се игра за трева, а потоа на тврда подлога. На првиот дел од турнирот ќе може да има најмногу 1.000 гледачи на трибините на стадионот „Штефи Граф“, додека во хангарот на аеродромот Темпелфох каде ќе се игра вториот дел од турнирот ќе има само 300 гледачи.