Доколку сака, Ѓоковиќ ќе освојува грен слем титули и во наредните три години

Новак Ѓоковиќ е деветкратен шампион на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Поранешниот американски тенисер, Патрик Мекинро, смета дека Новак Ѓоковиќ и во наредните неколку години ќе победува на грен слем турнирите.
Ѓоковиќ во февруари годинава по деветти пат ја освои титулата на Австралија Опен со што дојде до бројката од 18 грен слем трофеи во кариерата или само два помалку од најтрофејните Рожер Федерер и Рафаел Надал.
Следниот голем турнир е Ролан Гарос, а подготовките на земјените терени засега се неуспешни за српскиот тенисер бидејќи не стигна до самата завршница на мастерсот во Монте Карло како и на турнирот во Белград.
Но, Патрик Мекинро верува дека дека Ѓоковиќ и понатаму ќе освојува трофеи на најголемите турнири.
– Доколку Новак остане здрав и биде гладен за титули, а се чини дека така и ќе биде, тогаш ќе биде во состојба да освојува една до две грен слем титули годишно и тоа наредните две-три години – изјави Мекинро.

Според Мекинро, конкуренцијата сè уште не е подготвена да ја предизвика големата тениска тројка, Ѓоковиќ, Надал и Федерер.
– Медведев во финалето на Австралија Опен немаше план за игра и не испрати никаков сигнал дека е подготвен да го плати физичкиот цех кој е неопходен за да можете да се носите со Ѓоковиќ. На крајот, секогаш се сведува на такви детали, а тоа е неопходно за да ги победите тие великани. Не само што големата тениска тројка е дизички посилна туку се и подобри со рекетот – додава Мекинро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот