ДОГЕ веќе не постои, Трамп тивко ја извади од струја својата „моторна пила за бирократија“
Гаснењето на Одделот за ефикасност на Владата (ДОГЕ) е во остар контраст со претходните месеци во кои Доналд Трамп водеше масовна кампања за промоција на ДОГЕ. Милијардерот Илон Маск, кој првично го водеше, редовно го промовираше неговото работење на „Икс“ и на јавни настапи, а во еден момент држеше моторна пила за да ја симболизира намерата да се „исечат“ бирократските работни места.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го распушти Одделот за ефикасност на Владата (ДОГЕ), завршувајќи иницијатива која беше промовирана како симбол на неговото ветување дека ќе ја намали големината на федералната администрација, но која, според критичарите, не донесе мерливи заштеди, објави „Ројтерс“.
Препорачано
– Таа веќе не постои – изјави директорот на Канцеларијата за управување со кадри, Скот Купор, за „Ројтерс“, кога беше запрашан за статусот на ДОГЕ.
Тој додаде дека Одделот веќе не функционира како „централизирана институција“, што е прво јавно признавање од администрацијата на Трамп за крајот на ДОГЕ.
Одделот, основан во јануари, направи агресивни интервенции во првите месеци од вториот мандат на Трамп, со цел бргу да ги намали федералните агенции, нивните буџети или да ги пренасочи нивните задачи кон приоритетите на претседателот.
Федералната служба за човечки ресурси (ОРМ), презеде многу од функциите на ДОГЕ, според Купор и документи увидени од „Ројтерс“.
Гаснењето на овој оддел е во остар контраст со претходните месеци во кои администрацијата водеше масовна кампања за промоција на овој оддел — Трамп, неговите советници и министрите честопати објавуваа содржини за неа на социјалните мрежи.
Милијардерот Илон Маск, кој првично го водеше, редовно го промовираше неговото работење на „Икс“ и на јавни настапи, а во еден момент држеше моторна пила за да ја симболизира намерата да се „исечат“ бирократските работни места.
ДОГЕ тврдеше дека намалило расходи од десетици милијарди долари, но надворешните финансиски експерти не можеа да го потврдат тоа бидејќи овој оддел не објави детални извештаи за својата работа.
Иако престана да функционира, официјални лица од администрацијата не го имаат јавно потврдено тоа, дури ни по јавната кавга меѓу Маск и Трамп во мај. Маск оттогаш ја напушти Владата на САД.
Имаше сигнали дека ДОГЕ не постои повеќе
Сепак, Трамп и неговиот тим во последните месеци индиректно сигнализираа дека ДОГЕ престанал да постои, иако претседателот претходно со извршна наредба определи одделот да функционира до јули 2026 година.
Во изјави пред новинари, Трамп честопати зборува за ова владино тело во минато време.
Поранешните членови се распоредени на други позиции
Поранешните членови на одделот се распоредени на други позиции во администрацијата. Најистакнат е Гебија, кој сега работи на подобрување на визуелниот изглед на владините веб-страници. Досега, неговото студио разви сајтови за регрутација на полициски службеници во Вашингтон и за промоција на програмата на Трамп за намалување на цените на лекови.
Закари Терел, член на ДОГЕ кој имаше пристап до здравствените системи на владата во раните денови од вториот мандат на Трамп, сега е главен технолошки офицер на Министерството за здравство. Рејчел Рајли, која имала исти пристапи, сега е на чело на Канцеларијата за морнарициско истражување.
Џереми Луин, кој ѝ помогна на администрацијата да ја демонтира Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), сега ја води странската помош во Стејт департментот.
Во меѓувреме, и покрај претходниот конфликт со Трамп, Маск повторно се појави во Вашингтон и оваа недела присуствуваше на вечера во Белата куќа во чест на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Милијардерот се врати кај претседателот – вечерата со саудискиот принц ги зближи Маск и Трамп?


