Милијардерот се врати кај претседателот – вечерата со саудискиот принц ги зближи Маск и Трамп?
Милијардерот Илон Маск повторно се појави во Белата куќа, неколку месеци по несогласувањата со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Препорачано
Тој пристигна во Белата куќа за да присуствува на свечената вечера што Трамп ја приреди во чест на престолонаследникот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман, пишува „Фокс њуз“.
Маск им се придружи на неколку технолошки титани, финансиски и инвестициски лидери, раководители од енергетскиот сектор и спортски икони.
Поранешен специјален владин службеник, кој имал советодавна улога во Министерството за ефикасност на владата (ДОГЕ), тврдеше дека „големиот, прекрасен“ закон, околу кој се судрил со Трамп, би додал трилиони долари на веќе растечкиот американски државен долг и дека би можел да ја поткопа работата на ДОГЕ за намалување на државната потрошувачка.
Маск, по разделбата со Трамп, изјави дека ќе основа трета партија во САД, додека Трамп кон крајот на минатиот месец за нивниот конфликт кажа дека „Маск имал лош момент“.
„Тоа беше глуп момент во неговиот живот, многу глуп. Ми се допаѓа Илон и верувам дека секогаш ќе ми се допаѓа“, изјави тогаш Трамп, пренесе Танјуг.


