Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/ANTON VAGANOV / POOL

Додик одржа митинг пред пресудата: Република Српска не е нарушувачки фактор, имаме право да постоиме

„Република Српска има право да постои и тоа не може да биде оспорено од никого“, порача претседателот на Република Српска Милорад Додик вечерва во Бања Лука на собирот на негови поддржувачи наречен „За претседателот, за Србија, за институциите“, јавуваат српските медиуми .

Собирот се одржува во пресрет на утрешната пресуда во постапката против Додик, кој е обвинет за непочитување на одлуките на Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ.

Додик рече дека на митингот се собрале 25.000 луѓе и им се заблагодари на сите што дошле, на неговото семејство и на оние што биле пред Судот на Босна и Херцеговина во Сараево.

„Тоа ми даде сила да не попуштам“, рече Додик и посочи дека српскиот народ „само сака слобода“.

„Српскиот народ знае за што се борел. Тој прифати да влезе во Дејтонскиот мировен договор, да биде ентитет, а потоа се појави голготата и политичката борба. Ние не сме нарушувачки фактор. Не можеа сите да ве стават во судница, па ме избраа мене, но згрешија“, рече Додик.

На судијата во постапката против него, Сенад Узуновиќ, му порача „да постапи според законот“, ја обвини Германија дека „дојде да владее на модерен начин“, а нагласи дека нема да преземе ништо што може да доведе до вооружен конфликт.

„Укинете го уставот, па ќе видите што ќе биде, одговорот ќе биде уставен. Ќе го чуваме мирот и никој од нашите мажи и жени нема да војува. Не сме создадени да војуваме, туку да живееме, да соработуваме и да имаме мир. Она што доаѓа од Сараево е немир“, рече Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот