Фото: Слободен печат

Дизелот поевтин за 6,5 денари, бензините поскапуваат за 0,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Така малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,238 денари.

Од ноќеска на полноќ максималната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 88 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 90 денари за литар, а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе биде 85,50 денари. Цената Екстра лесно масло ќе биде 87,50 денари, додека на мазутот 47,906 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај дизелот за 10,622%, кај екстра лесното масло за 10,136% и кај мазутот има намалувањето е за 8,238 %.

Од утре бензините на „Окта“ со привремен попуст од два денари за литар

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот