Бензински пумпи , Бензин , Нафта , Биодизел , Макпетрол , Окта - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Бензински пумпи , Бензин , Нафта , Биодизел , Макпетрол , Окта - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Од утре бензините на „Окта“ со привремен попуст од два денари за литар

Компанијата „Окта“ АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава.

Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата.

Попустот ќе се однесува на сите трговци што набавуваат бензин од „Окта“ како во големопродажба така и во малопродажба. Од компанијата посочуваат дека со оваа мерка им се остава можност на трговците да ја рефлектираат поддршката во крајните цени за потрошувачите, но нагласуваат дека тие и понатаму самостојно ги креираат малопродажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарните услови.

Според процените, вкупниот придонес на „Окта“ за поддршка на пазарот преку вакви мерки ќе надмине 7 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот