Дизелот наеднаш значително ќе поевтини, очекува Мицкоски
Македонија „ќе остане со убедливо најниски цени на горивата“, вели премиерот, кој најави „стабилизирање на цените“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува „стабилизирање на цените“ и значително поевтинување на дизел-горивото, за 6,5 денари по литар. Утре Владата ќе одржи онлајн седница и Македонија, како што рече Мицкокски „ќе остане со убедливо најниски цени на горивата“.
Препорачано
„Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат и кај нас, односно, досега повластената стапка за бензините од 10 да се врати на 18 проценти, а во делот на на акцизите ќе остане намалувањето од два денара по литар за дизел и за безоловните бензини 95 и 98 октани, бидејќи просекот во втората половина од мај на дизелот и безоловните бензини се движеше меѓу 1.000 и 1.200 долари за барел. Преговараме со „Окта“ да видиме како ќе биде. Можеби оттаму да добиеме дополнителен попуст барем за првата половина на јуни. Кога ќе ги имаме предвид сите овие мерки, тогаш очекувам цената на бензините да остане иста или да има мало зголемување од половина денар, а дизелот да поевтини околу 6 и пол денари, 6 до 6,5 денари. Отприлика ова се бројките кои нашите калкулации ги кажуваат, а ќе видиме како ќе направи пресметка Регулаторна“, истакна Мицкоски.
Според него, три месеци периодот беше динамичен, но Владата ја задржа ценовната стабилност.
-Граѓаните не почувствуваа ниту во еден момент какво било ограничување кога станува збор за снабдување со нафта и со бензини. Истовремено, притисокот врз нашите бензински пумпи беше огромен. Имаше денови кога 50-тина проценти беше зголемен од вообичаено, имајќи предвид нормални, регуларни денови. И кога сето ова ќе се ќе се заокружи, ние и денеска, односно и она што го очекуваме во понеделник, ќе останеме држава со убедливо најниски цени на на горивата, односно на на дизел горивото и на бензините. Ако се оствари оваа наша калкулација како точна, бензините би останале или иста цена или половина денар би поскапеле, а дизелот би поевтинил за 6 до 6,5 денари по литар. Така што, остануваме и понатаму посветени на подобрување на стандардот на граѓаните, потенцира премиерот Мицкоски.


