Дизајнерското дуо нуди модни задоволства за љубителите на уметност: Инспирирани од дела од барокот и средниот век

Instagram

На почетокот на минатата година, на социјалните мрежи се појави бренд без веб-страница и биографија, а мистериозниот профил почна да ја освојува светската модна сцена со своите уникатни креации инспирирани од врвни уметнички дела.

Гардеробата со печат од најценетите уметнички дела во историјата, ракописи од мрачната доба, репродукции на максималистички сцени на насилство и страст, насликани од некои од најголемите уметници на ренесансата и барокот, едноставно воодушевува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EBONY TYLAH (@ebonytylah)

Ова е идеја на двајцата дизајнери, Антониа Бос и Тим Хартман кои додека студирале едниот во модното училиште „Хербстрасе“ другиот на Универзитетот за применети уметности во Виена сфатиле дека делат заедничка страст кон уметноста, античките богатства сместени во музеите ширум светот и гламурот на „Гучи“ и „Роберто Кавали“ од 90-тите, па решели да ги спојат своите интереси создавајќи го брендот „Ebony Tylah“.

Она што ни се допаѓа е тоа што ова е само уште еден начин на приближување на уметноста, на многу личен начин. Колку може да се доближите до едно уметничко дело, од тоа буквално да го носите на кожа“, вели Бос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EBONY TYLAH (@ebonytylah)

Австриските модни дизајнери користат мотиви од стари слики и ги аплицираат на парчиња облека,
притоа задржувајќи ја автентичноста. За да ги набават сликите кои ги користат, дуото почнале да одат во поста на некои од нивните омилени музеи низ Европа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EBONY TYLAH (@ebonytylah)

Контактиравме со многу музеи во Скандинавија и Холандија, за некои од сликите плативме, а за некои добивме дозвола за користење, за оние дела кои беа достапни во нивните архиви“, коментираат дизајнерите.

После оваа колекција и нејзиниот успех, дизајнерите планираат да се движат кон нешто „помодерно“ во своите нови креации, пишува „Vogue“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот