Дита Старова – Ќерими: Ги охрабруваме децата да направат уметнички дела со кои ќе им се заблагодарат на хероите на нашата заедница

И во нормални услови ликовната уметност е секогаш заборавена. И покрај тоа што сме затворени за време на пандемијата Ковид-19, Националната галерија ја продолжува својата мисија во доменот на едукацијата, овој пат со охрабрување на сите деца кои треба да направат уметнички дела, со кои ќе им се заблагодарат на хероите на нашата заедница, изјави за „Утрински Брифинг“ на „Слободна ТВ3, Дита Старова – Ќерими, ликовен уметник, универзитетски професор и директор на Националната галерија на Македонија.

Националната галерија ги повика семејствата и децата да направат и споделат уметност заснована на темата „Нашите херои“.

-Херои можат да бидат сите, покрај докторите, медицинските сестри како и целиот персонал во здравството, касиерката во маркетот, полицаецот, пожарникарот, возачот на автобус, баба и дедо, мама и татко кои се грижат за Вас, бато кој мора да те „трпи“ цел ден, учителката која се грижи образованието да продолжи непречено, службеникот во банка и сите оние кои ја одржуваат работата на заедницата.

Пред некој ден не изненади што пристигнаа цртежи и од Германија. Морам да кажам дека уметноста ја храни душата, изјави вели Старова – Ќерими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот