Директорот на Австралија Опен верува во враќање на Надал во јануари

Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Директорот на Отвореното првенство, Австралија Опен Крег Тајли верува дека шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе учествува на овој турнир во јануари.

Надал не одиграл ниту еден официјален меч од јануари кога се повреди во второто коло во Австралија. Во јуни му беше извршена операција на мускулот на колкот и најави дека 2024 година ќе биде негова последна во кариерата.

Освојувачот на 22 грен-слем титули изрази желба уште еднаш да заигра на Ролан Гарос и на Олимписките игри во Париз наредната година.

„Рафа тренира, внимателно го следам, скоро секојдневно, тој стана важен играч за нашиот турнир. Сака да игра и планира да се врати. Се зависи како ќе се одвиваат работите, се надевам дека во наредните недели ќе добија некоја конкретна потврда. Во овој момент мислам дека ќе биде тука, но не би можел со сигурност да тврдам“, изјави Тајли, пренесе „Скај“.

Минатата недела во Барселона Надал зборуваше за неговото враќање и истакна дека не е сигурен како ќе оди.

„Тренирав добро и изгледа дека напредувам. Не знам кога ќе се вратам, но сигурно сум многу поблиску отколку кога минатиот пат зборував пред медиумите. Ако сакате да ви кажам кога, не би можел затоа што и јас не знам“, гласеше изјавата на Надал пред неколку недели.

Првиот грен-слем турнир во 2024 година ќе се одржи од 14. до 28. јануари во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот