Димковски: Приоритет е реколтата од 2020 година, грозјето ќе биде откупено

-Се согласуваме со барањето на лозарите за постигнување цена за килограм грозје на минатогодишно ниво, истакна министерот за земјоделство.

Ако цената за килограм грозје падне под ланската, берба нема да има, родот ќе остане на нивите, порачаа денеска претставниците од регионалното здружение „Напредни лозари” на средбата со министерот за земјоделство Трајан Димковски во Моклиште, Кавадаречко.

Министерот Димковски ги слушна нивните барања за цената, но и проблемите со извозот кои, како што изјави, очекува брзо да се надминат. Димковски рече дека целокупното произведено грозје од оваа реколта ќе биде откупено.

-Се согласуваме со барањето на лозарите за постигнување цена за килограм грозје на минатогодишно ниво. Разговаравме и за проблемите околу извозот на винско грозје. Очекувам брзо да се надминат, истакна Димковски.

– Сега приоритет ни е реколтата 2020, Министерството, како и изминатите три години, е отворено за соработка со лозарите, рече министерот и потсети и дека се што било договарано, е исполнето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот