Димитровски-Жоро за „Утрински брифинг“: Мојата партиска функција е неспоива со новинарството

Во телефонски разговор за „Слободен печат“ во емисијата „Утрински брифинг“ генералниот секретар на Демократскиот сојуз Зоран Димитровски изјави дека партијата е подготвена за учество на парламентарните избори, при што е отворена за соработка со партии кои се за борба против криминалот, системски промени за воспоставување на владеење на правото и законите да важат за сите, правна сигурност и стабилност на државата, како и за посебна платформа за обезбедување услови младите да можат да создаваат, да творат и да обезбедат пристоен живот во Македонија.

Димитровски – Жоро, за „Утрински брифинг“, истакна и дека неговата сегашна партиска функција е неспоива со новинарството, но и дека останува подготвен за политички анализи и дебати.

Зоран Димитровски бил главен и одговорен уредник на три дневни весници, „Вечер“, „Дневник“ и „Нова Македонија“ и на неделникот „Фокус“. Димитровски е магистер по политички науки од Централниот европски универзитет во Будимпешта. Предавач е на Институтот за комуникациски студии,а долги годни предавал новинарски предмети на поранешната Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот