Димитров на средба со Едштадлер: Треба да бидеме задоволни од вкупната оцена на Еврокомисијата

Фото: МИА
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари видео-конференциска средба со австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, на која беше реафирмирана силната поддршка на Австрија за нашите евроинтеграции.
Од Кабинетот на Димитров соопштија дека во фокусот на разговорот биле годинешниот Извештај на Европската комисија (ЕК) за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, како и билатералната соработка.
– Гласната и принципиелна поддршка на Австрија за европското интегрирање на регионот е уште еден силен аргумент на контото на заедничкиот успех со ЕУ, покрај новата методологија и зеленото светло за почеток на преговорите. Шансата за успех треба да се преточи во резултат како што е заслуженото отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Унијата оваа година, истакна Димитров, заблагодарувајќи и’ се на министерката Едштадлер за нејзината лична поддршка и посветеност за реализација на оваа заедничка цел.
Димитров нагласи дека новата Влада со засилено темпо се посветува на реформската европска агенда и дека Извештајот и овој пат ќе биде корисен патоказ за дефинирање на приоритетите и реформските чекори во овој значаен период.
На средбата министерката Едштадлер одговорила потврдно на поканата на вицепремиерот Димитров за посета на Северна Македонија, која што е предвидено да се реализира во ноември оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот