Димитријевиќ солиден во победата над Сан Пабло Бургос

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ („Валенсија“) постигна осум поени во триумфот над Обрадоиро/Фото: instagram.com/nenodimitrijevic

Екипата на Валенсија во 33 коло од најсилното шпанско првенство триумфираше на домашен терен против Сан Пабло Бургос со 84:70.

Најефикасен во победничките редови беше Французинот Лабејри со 13 поени (пет скокови).

Во успехот придонесе и македонскиот репрезентативен плејмејкер Ненад Димитријевиќ со девет поени (една асистенција) за скоро 14 минути на паркетот.

На спротивната страна Американецот Ренфро реализираше 16 поени, по три скока и асистенции.

Валенсија е сигурно во плеј-офот, моментно после 22 победа сезонава се наоѓа на третата позиција со 44 бодови, зад водечките Барселона (52) и Реал Мадрид (46).

Во следното коло на 14 мај играчите на тренерот Пенароја на гостински терен ќе се соочат со Обрадоиро.

Видео на денот