Димитриевски: Коридорот 8 поврзува само една траса: Скопје-Приштина-Тирана

Фото: МИА

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување на телевизијата „Сител“ рече дека Коридорот 8 поврзува една траса: Скопје-Приштина-Тирана. Тој прашува и: Дали оцртувањето на самиот коридор е оцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја виделе?

„Овој коридор ви поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана. Се поставува прашањето, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале? Никој од носителите на политички функции не го отвори ова прашање да го продискутира. Зошто со самото тоа ставање на поединци во Владата коишто доаѓаат од таа етничка заедница задолжени и привилегирани да располагаат, договараат, располагаат со сите информации се остава простор вака народот да измислува. Зошто господинот Артан Груби е во повластена состојба во однос на било кој друг граѓанин, бидејќи тој автопат ќе се гради со наши пари. Тоа е важен коридор, но Македонија има и други важни коридори. Дали направивме некое анкетирање каде ќе потрошиме една милијарда и двесте милиони евра граѓански пари?“, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека кога се работат вакви капитални проекти, првенствено се информира јавноста и се дискутира јавно.

„Се сондира мислењето на граѓаните, на експертите. Вие не доведувате во заблуда, си правите договор, го потпишувате, си ракоплескате таму, го собирате дипломатскиот кор којшто подоцна не може да излезе од изјавите и мора да се правда зошто присуствувал таму. И на крајот, корупцијата. Па каде е корупцијата, кој може да прави корупција? Тој што е во власта, затоа јас ги поздравувам силно заложбите на американската амбасада и верувам дека ќе најде начин и даде одредена поткрепа на институциите, т.е на професионалците во институциите да се борат суштински против корупцијата. Во Македонија постои корупција, во Македонија постои градежна мафија, јас тоа го чувствувам на локално ниво, и за жал Македонија се трансформира во држава во која не само што има мафија, туку првенствено секоја држава во регионот и пошироко има мафија, но за жал кај нас ќе константирам еден ден дека мафијата е таа којашто ја води и поседува државата. И мора да ставиме крај на тоа“, рече Димитриевски.

Тој дополнително ѝ изрази силна поддршка на американската амбасадорка во нејзините заложби за борба против корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот