Џошуа против Фјури, најголемиот меч во светот на боксот!

Фото: Твитер

Британскиот боксер Ентони Џошуа го нокаутираше Кубрат Пулев и на тој начин ја задржа титулата светски шампион во три верзии.

Светот на боксот постојано зборува за најавениот дуел помеѓу двајцата супертешкаши кој конечно би го промовирал новиот неприкосновен шампион во најтешките дивизии, битката помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

– Многу се зборува за овој меч, но Ентони е во право, не треба толку да се зборува, веќе треба да се работи на организирање на таа борба. Џошуа сака да биде неприкосновен шампион – рече промотерот на бокс мечевите и клиент на Џошуа, Еди Херн.

Џошуа после новата победа има учинок од 24 триумфи (22 со нокдаун) и еден пораз во професионалните мечеви, а шампион е во организациите ВБА, ИБФ и ВБО.

Од друга страна, Фјури е ВБЦ шампион и непоразен во 31 меч во професионалниот ринг, 30 победи и едно реми против Дионтеј Вајлдер.

И Украинецот Владимир Кличко доминираше во дивизиите на почетокот од 21 век, но ниту еднаш не ги обедини сите четири најголеми светски титули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@gypsyking101)

И Фјури едвај чека борба против сонародникот Џошуа, навивачите очекуваат овие двајца да ги одмерат силите во 2021 година:

– Го прашаа дали ја сака борбата и тој „се скри зад грмушките“. Ја сакам таа борба, мојата следна борба. Ќе го нокаутирам во три рунди – се зборовите на Фјури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот