Џорџ и Амал Клуни за детска куќичка во дворот дале вистинско богатство: Ангажирале дизајнер од Белата куќа!

Profimedia
профимедиа

За нивните близнаци ништо не е премногу скапо…

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал издвоиле речиси 80.000 евра за детска куќичка во дворот во кој ќе си играат нивните двегодишни близнаци Ела и Александдар.

Куќичката за играње ќе биде реплика на нивниот семеен дом. Ќе има два ката, сосема фукционална кујна и бања со вода.

Пред куќичката ќе има жирафа во природна големина како и зип-лајн кој децата ќе можат да го користат.

Со цел на децата да им обезбедат игралница од соништата, парот ги ангажираше дизајнерите на ентериер кои го измислиле изгледот на Овалната соба во Белата куќа.

Парот досега потроши речиси милион фунти за реновирање на домот во Калифорнија, целосно опремувајќи го со базен и простории во кои живеат нивните помошници и персонал. Извор близок до парот вели дека и двајцата се свесни дека тоа е екстравагантно, но дека едноставно го сакаат најдоброто.

Но, Џорџ Клуни и Амал не мислат само за себе, а за тоа сведочи и фактот дека за борбата против коронавирусот донираа околу милион долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот