Џенифер Лопез: Сега можам сѐ да направам, се чувствувам моќно!

Фото: Инстаграм
Зошто да не можам да изградам неколку деловни империи од три или четири милијарди долари, наместо само една рече таа за WSJ.
Instagram
Фото: Инстаграм
Џенифер Лопез (51) скоро го најави и лансирањето на нејзиниот козметички бренд кој ќе го носи нејзиниот прекар. Брендот и креирањето на козметичка линија која ќе го носи нејзиниот потпис претставува остварување на нејзиниот животен сон, но латино дивата не планира да застане само на него. Во интервју за списанието WSJ, Лопез откри дека само затоа што гради една империја не значи дека не може да гради уште три или четири паралелно. Познатата американска ѕвезда изјавила дека благодарение на нејзиниот вереник Алекс Родригез, кој и е најголема поддршка се чувствува како да може да направи баш сѐ што некогаш замислувала.
Instagram
Фото: Инстаграм
Зошто да не можам да изградам не една, туку три или четири деловни империи од неколку милијарди долари, се прашува Лопез, притоа споделувајќи дека Алекс и ја дава таа храброст за нови успеси, планови и предизвици. Како што открива, не планира да застане на сопствениот бренд за убавина кој наскоро треба да го промовира на пазарот, особено кога ја има целосната поддршка од својот свршеник.
Instagram
Фото: Инстаграм
– Кога Алекс влезе во мојот живот, тој ми рече: „Ајде да ја создадеме твојата компанија за убавина и нега на кожата. Тоа е твој сон, ајде да го создадеме заедно“, открива Лопез, велејќи дека нејзиниот вереник буквално и ги отворил очите кон нешто ново во нејзината кариера. Во интервју за магазинот WSJ, Лопез отиде дотаму што рече дека таа и Родригез се „близнаци по душа“ и дека нивниот заеднички стремеж е да создаваат и да се поддржуваат во животот. Не ги знаеме границите и можеме да направиме сѐ што ќе ни падне на ум. Напишано е во нашата ДНК, вели Лопез.
Instagram
Фото: Инстаграм
Зад лансирањето на нејзиниот козметички бренд се крие нејзината желба да ги инспирира жените ширум светот да го сторат истото. Се чувствувам младо и моќно и сакам да им покажам на сите жени како да бидат уште помоќни, заклучува Лопез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот