Џејмс Франко во свој стил одговори за обвинувањата за секусално вознемирување – Сите сакаат реклама преку мене!

Сара Титер Каплан и Тони Гал во октомври минатата година го обвинија актерот Џејмс Франко (41) за непримерно сексуално однесување според студентките.

Тие тогаш изјавија дека ја искористувал позицијата и моќта како и влијанието кое го имал над нив.

Актерот сега одговори на обвинувањата на жените кои тврдат дека сексуално ги искористил преку своето актерско училиште „Playhouse West Studio 4“ кое денес е затворено.

Според пишувањето на странските медиуми, тој предал пишан приговор на тужбата поднесена во октомври минатата година.

– Обвинувањата кои се изнесени станаа храна за таблоидите, но тие се лажни и немаат вистински цврст темел. Поднесени се за да им донесат што поголем публицитет. Оваа тужба е кулминацијата која ја уништи тешко заработената и изградена репутација на еден чесен човек, напиша Франко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот