Џејмс Франко постигна спогодба во случајот во кој беше обвинет за сексуално злоставување

EPA-EFE
epa06424572 James Franco arrives for the 75th annual Golden Globe Awards ceremony at the Beverly Hilton Hotel in Beverly Hills, California, USA, 07 January 2018. EPA-EFE/MIKE NELSON

Актерот Џејмс Франко беше обвинет од колешките актерки Сара Титер-Каплан и Тони Гал дека Франко ги злоупотребувал сексуално во неговото училиште за глума „Playhouse West Studio 4“.

Но, по обвинувањата тој поднесе писмена жалба негирајќи ги обвинувањата во кои се тврдеше дека Џејмс ги заплашувал студентите во училиштето за глума и филм. За овој судски процес, сега е постигнато привремено решение, пишува „The Guardian“.

Двете страни поднесоа заеднички извештаи до високиот суд во Лос Анџелес, во кои велат дека е постигната спогодба во парницата која ја покренале поранешни ученици од сега веќе затвореното училиште „Playhouse West Studio 4“.

EPA-EFE
EPA-EFE/JUAN HERRERO

Двете актерки и поранешни студенти во 2019 година поднесоа тужба против Џејмс Франко тврдејќи дека тој ги пронудудвал да изведуваат сè повеќе експлицитни сексуални сцени пред камерите во, како што ја нарекоа „оргиска средина“, што е далеку над она што било прифатливо за холивудските филмски сетови.

Тие тврдеа дека многу млади жени биле подложени на негова лична и професионална сексуална експлоатација во име на образованието. Во тоа време, Џејмс Франко ги негираше сите обвинувања.

epa-efe
EPA-EFE/PAUL BUCK

Злонамерните обвинувања што ги направија станаа храна за таблоидите, но исто така се лажни и немаат правна основа. Тие беа доставени да им донесат што поголем публицитет. Оваа судска постапка е травестија и кулминација на кампањата која го уништи тешко заработениот и изграден углед на чесен човек“, изјави Франко.

Актерот го отвори училиштето во 2014 година и го затвори три години подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот