Девојчињата во скопските средни училишта ќе добијат бесплатни менструални производи

Средношколци во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Советниците на синоќешната седница на Град Скопје, каде се гласаше Буџетот за 2022 година, го изгласаа амандманот со кој се предвидуваат средства кои ќе бидат наменети за бесплатни менструални производи за девојчињата во средните училишта. За оваа мерка Градот ќе издвои буџет од 2.000.000 денари.

Предлагач за ова беше советничката Теодора Крстевска.

„Амандманите не изискуваа огромни финансиски импликации и беа исклучиво во служба на граѓаните. Колку и да ме разочарува фактот што мнозинството советници се водат исклучиво по партиска идологија, сепак се радувам што успеав да се изборам и да обезбедам средства во висина од 2.000.000 денари кои ќе бидат наменети за обезбедување на бесплатни хигиенски менструални производи за девојчињата во средните училишта во годишните јавни набавки за хигиенски производи и со тоа ќе се ублажи проблемот со менструалната сиромаштија“, напиша Крстевска на својот Фејсбук профил.

Како што наведува Крстевска, од јануари следната година, менструацијата нема да претставува пречка во извршувањето на секојдневните училишни обврски за ученичките во средните училишта на територија на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот