Бесплатни ви-фи зони на две локации во Автокоманда
Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски вчера информираше дека на плоштадот „Филип Втори“ и на скверот „Коцка“ во Автокоманда се поставени бесплатни ви-фи зони. „Со ова овозможуваме полесен и побрз пристап до интернет, комуникација без ограничувања, користење на дигитални услуги, учење, работа и информирање – директно од јавен простор“, напиша Стефковски.

