Околу 900 основци од „Лазо Ангеловски“ добија бесплатни таблет уреди

Фото: Општина Аеродром

Учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром денеска добија бесплатни таблет уреди. Како што соопштија од Општината, набавени се уреди за околу 900 ученици, а со ова, посочуваат дека ќе се надмине дигиталниот јаз кај нив и тие ќе ги користат за стекнување нови знаења и развој на дигитални вештини.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот Дејан Митески, денеска на учениците им ги поделија таблетите и порачаа дека со континуираните инвестиции во образованието, Општина Аеродром е на вистински пат од кој бенефит ќе имаат учениците во Аеродром.

Ние не застануваме тука, продолжуваме да инвестираме во учениците, како важен сегмент од процесот на создавање модерна и развиена општина. Посебно се радувам на ваквите проекти, затоа што во услови кога централна власт заборава на учениците и предзвикува неизвесност, ние секојдневно промовираме нови проекти со кои го унапредуваме образовниот процес на локално ниво, изјави Муцунски.

Како што соопшти тој, уредите се набавени со средства од општинскиот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот