ВИДЕО: Часови по јога, голф, пилатес и аеробик-на отворено и бесплатно

Под мотото „Време е да бидеш активен“ на неколку локации во Скопје се одржуваат бесплатни часови по аеробик, пилатес, јога и голф.

Часовите ги одржуваат професори од Факултетот за физичко образование , спорт и здравје.

– Целта на овој проект е да се подигне свеста  кај граѓаните за физичка активност и да се стекнат здрави животни навики, особено по пандемијата, која придонесе за намалена физичка активност. За прв пат во еден ваков проект се вклучени универзитетски професори кои даваат и совети како, и со кој интензитет треба да се вежба, вели професорката Славица Новачевска.

Професорот Ристе Стаменов вели дека за присуство на  часовите не е потребна претходна најава.

– Проектот се реализира на шест локации во Скопје, во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Чаир и на две локации во Градскиот парк. Заинтересираните не мораат претходно да се пријавуваат за присуство на часовите, единствен услов е да дојдат во спортска опрема.

–  Часовите почнуваат во 19 часот, траат еден час, и нема ограничување на бројот на учесници. Поради пандемијата мораме да се прилагодуваме на мерките од Комисијата за заразни болести, па според тоа вежбачите ги распоредуваме на соодветно растојание, додава Новачевска.

Стаменов нагласува дека се поголема е заинтересираноста кај младите за упис на Факулетот за физичко образование, спорт и здравје.

– Голем е интересот на младите луѓе, идни студенти да се запишуваат на факултетот за физичко образование, спорт и здравје.Ме радува и тоа што вклучувањето на физичкото образование е вклучен во образованиот процес уште од прво одделение. Се надевам дека се поголема масовнот ќе има во овие активности и дека овој проект ќе добие континуитет и следните години, вели професорот Стаменов.

Спортските часови на  отворено ќе траат до август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот