Фото: илустрација / Tinnakorn Jorruang / Alamy / Profimedia

Девојче се обидело да се самоубие во Босна и Херцеговина — детето е меѓу жртвите на полицајците макроа

Девојче, кое било принудувано на проституција од полицајци од градот Калесија во Босна и Херцеговина, се обидело да се самоубие со голтање поголема количина таблети, открива „Дневни аваз“ од полициски извори.

Исто така, неговата сестра минатата недела избегала од сигурна куќа во Тузла, а по неколку дена полицијата ја пронашла во куќата на бегалецот Санел Сакиќ по којшто била распишана потрага поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела.

Девојчињата живееле во прифатилиште за деца

Додека трае истрагата за тоа кој сè евентуално е вмешан во подведувањето на девојчињата од Тузла, кои биле сместени во Дом за згрижување деца, системот како да нема одговор.

Скандал ја тресе Босна и Херцеговина – полицајци, професор и поранешен пратеник користеле девојчиња за проституција

Поради основано сомнение дека полицајците ги подведувале тинејџерките на други мажи за да пружаат сексуални услуги и од тоа профитирале, во притвор се повеќемина осомничени. Ним кон крајот на ноември притворот им е продолжен за уште два месеца.

Основата за продолжување на притворот содржи десетици шокантни информации. Две тинејџерки, родени во 2009 година, биле принудени да се проституираат. Девојчињата претходно биле сместени во социјални установи во Тузла, меѓу кои и во прифатилиште за деца без родителска грижа.

Тие повеќепати бегале од тие установи, за што биле известени сите полициски управи и полициски станици во Тузла.

Ги терале да носат уште девојчиња во кафулето

Двете тинејџерки отишле на подрачјето на општина Калесија, во кафе-барот „Феби 1“, чиј сопственик е Бесим Копиќ, полицаец од Полициската управа Калесија, каде што како келнер бил вработен Шемсудин Кадриќ, познат како Шемсо.

По доаѓањето на двете тинејџерки, тој им пришол, дознал колку години имаат и ги прашал дали би работеле во кафулето. Девојчињата изјавиле дека потоа Кадриќ го повикал Копиќ. Копиќ седнал со девојчињата, знаејќи дека се малолетни, и иако требало да го пријави случајот или во полиција или во Домот, тоа не го сторил. Уште полошо, ги прашал зошто не довеле уште девојчиња од Домот.

Според сознанијата на „Дневни аваз“, во локалот доаѓале негови колеги полицајци и пријатели кои поседувале фирми. Очигледно станувало збор за луѓе во кои Копиќ имал доверба.

ВИДЕО | Откриена бизарна мрежа за проституција во Дубаи: Бизнисмени со чудни фетиши, мистериозна смрт на девојки – еден човек стои зад сѐ

„Аваз“ дознава и дека тинејџерките престојувале кај него и дека Копиќ користел и услуги од други малолетни девојчиња, одлучувајќи да ги врбува. Во текстот се наведува дека целата била сексуална експлоатација и проституција, а тој сакал и да работат во неговиот локал. Дополнително, Копиќ им се заканувал дека ќе ги испрати во малолетнички затвор и дека со службено возило ќе ги однесе на Соколац.

Несреќните девојчиња, очигледно, биле принудени да служат во неговиот локал и да се занимаваат со проституција.

Тие биле келнерки и најчесто работеле втора смена, поради инспекциите.

Клиенти биле професори и началници

Во овој шокантен случај на проституција се споменуваат и други полицајции како вмешани, кои сè уште не се осомничени, ниту, пак, уапсени. Непознати полицајци повеќепати ги злоставувале девојчињата.

Професор доаѓал во кафе-барот „Феби 1“ и ги носел малолетничките во апартмани, при што имал односи со нив повеќепати и давал поголеми суми пари од другите клиенти. Началникот на Одделението за крим-полиција на ПУ Живинице, Мирелем Халиловиќ, исто така, имал сексуални односи со малолетничките и, според „Аваз“, доведувал и свој колега.

Во аферата бил вклучен и Јасмин Модриќ, кој, исто така, користел услуги од девојчињата и доаѓал со уште еден полицаец.

Некои предатори сакале и помлади деца

Џевад Пожегиќ, службеник на босанското МВР, користел сексуални услуги од малолетничките. Сулејман Шехиќ користел услуги од девојчињата и дури им рекол дека сака помлади девојчиња.

Врската меѓу Недим Авдиќ и девојчињата бил токму Сулејман.

По текстот во печатеното издание на „Дневни аваз“, од Обвинителството на Тузланскиот кантон испратиле демант на наводите.

— Со оглед на тоа што денес беа изнесени дезинформации во „Дневни аваз“, кои беа пренесени и во одделни медиуми, ја информираме јавноста дека малолетното девојче, една од жртвите на трговија со луѓе во врска со експлоатација за проституција, не се обидело да изврши самоубиство. Уште еднаш ги повикуваме поединечните медиуми и новинари да се воздржат од пренесување дезинформации или какви било податоци за малолетни жртви на тешки кривични дела, бидејќи на тој начин дополнително се стигматизираат децата и директно се загрозува истрагата што ја води Кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон во овој предмет — соопштија од Обвинителството.

Британски лекар под тешки обвиненија – силувал деца и возрасни пациенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот