Британски лекар под тешки обвиненија – силувал деца и возрасни пациенти
Поранешниот лекар, 38-годишниот Натаниел Спенсер од Велика Британија, е обвинет за серија тешки сексуални напади врз дури 38 пациенти кои биле под негов надзор, пренесува „Скај њуз“.
Препорачано
Кривичните дела се случиле во периодот од 2017 до 2021 година, во Универзитетската болница „Ројал Стоук“ во Стоук-он-Трент и во болницата „Раселс Хол“ во Дадли.
Спенсер се соочува со вкупно 45 точки од обвинението, меѓу кои 15 точки за сексуален напад, 17 точки за напад со пенетрација, девет точки за сексуален напад врз дете помладо од 13 години, три точки за напад со пенетрација врз дете помладо од 13 години, како и една точка за обид за напад со пенетрација.
Обвиненијата следеле по сложена истрага спроведена од Единицата за јавна заштита на полицијата во Стафордшир.
Бен Семплс, заменик главен обвинител при Обвинителството на Западен Мидлендс, го коментираше случајот.
Спенсер во јануари треба да се појави на суд.
„Одлучивме да поведеме кривична постапка против Натаниел Спенсер поради серија тешки сексуални деликти извршени врз пациенти додека работел како лекар, вклучувајќи напад со пенетрација и сексуален напад врз дете. Нашите обвинители долго работеа на поддршка на деталната и сложена истрага на полицијата во Стафордшир, внимателно разгледувајќи ги достапните докази за да утврдат дека има доволно основи случајот да биде изведен на суд и дека е во јавен интерес да се покрене кривична постапка“, соопшти тој.
Спенсер, со живеалиште во Бирмингем, треба да се појави пред Правосудниот центар на Северен Стафордшир на 20 јануари следната година.


