Фото: МИА / илустрација

Дете од Штип со велосипед удрило во дрво, со тешки повреди го префрлиле во Скопје

11-годишно дете од Штип е тешко повредено откако изгубило контрола врз својот велосипед и удрило во дрво, информираат денеска од штипската полиција.

„На 08.02.2026 во 12.10 часот во СВР Штип од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди било донесено 11-годишно момче од Штип. Според пријавеното, момчето управувајќи велосипед, во близина на место викано „Сончев град“ изгубило контрола и удрило во дрво“, велат од полицијата.

Детето е примено во скопскиот Клинички центар, а за несреќата бил известен обвинител и извршен е увид, додаваат од СВР-Штип.

Сериозно пијан велешанец им се јавил на полицајци и ги навредувал, продолжил и кога се виделе во живо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот