Арон Фајперс и Дениз Ричардс / Фото: - / INSTAR Images / Profimedia

Дениз Ричардс и поранешниот сопруг Арон Фajперс исфрлени од домот поради заостанат долг од 84.000 долари

Американската актерка и ѕвезда од ријалити-шоуа Дениз Ричардс и нејзиниот поранешен сопруг Арон Фајперс добија судска наредба да бидат иселени од нивната куќа во Калабасас, Лос Анџелес, откако со месеци не плаќале кирија. Судот пресуди во корист на сопственикот, а долгот изнесува повеќе од 84.000 долари, пренесува „Пејџ сикс“.

Според судските документи, судија на Вишиот суд во Лос Анџелес во петокот го одобрил барањето на сопственикот да ги исели Дениз и Арон од нивниот изнајмен дом во Калабасас, Калифорнија. Во тужбата се тврди дека поранешните сопружници должат околу 84.000 долари неплатена кирија.

Покрај иселувањето, сопственикот побарал тие да ги платат и адвокатските трошоци, како и надомест за каква било штета на имотот.

Дениз и Арон потпишале договор за закуп во јуни 2020 година и платиле депозит од 24.000 долари. Сепак, актерката повеќе не живее во куќата поради нејзиниот бурен развод од Фајперс по речиси шест години брак.

Во судските документи поднесени во август, актерката изјави дека се иселила од куќата пред две години бидејќи верувала дека семејството на Фајперс ќе остане таму само привремено. Таа исто така рече дека му ставила до знаење на поранешниот сопруг дека тој ќе биде одговорен за плаќање на киријата почнувајќи од јануари, бидејќи неговото семејство сè уште живеело во куќата и одбивало да се исели.

Според тужбата, сопственикот се обидувал да го контактира Фајперс во последните шест месеци, но безуспешно поради неплатена кирија. Бидејќи имињата на двајцата биле на закупот, сопственикот бил принуден да им достави известување за иселување.

Ричардс дополнително го обвини својот поранешен сопруг и неговото семејство за „сериозно оштетување“ на куќата, велејќи дека имотот е во „целосен хаос“.

Во ноември, Дениз доби трајна забрана за пристап против Фајперс откако таа го обвини за брачна злоупотреба, што тој го негираше. Недолго потоа, Фајперс поднесе барање за итно сослушување за брачна издршка, тврдејќи дека се соочува со бездомништво.

Во документите, тој наведува дека е под закана од иселување „во секое време“, бидејќи наводно должи дури 125.000 долари неплатена кирија, како и 10.090 долари за заостанати такси.

Фајперс, исто така, тврдеше дека должи илјадници долари за сметки за комунални услуги, вклучувајќи сметки за вода, гас, електрична енергија и собирање ѓубре, тврдејќи дека е во опасност да го изгуби својот дом, возило и телефон освен ако не му се даде непосреден пристап до средствата што ги контролира Ричардс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот