„Денис и Денис“ најавија проштална турнеја: Легендите на југословенскиот синт-поп ќе се простат со своите фанови!
Култното електро и синт-поп дуо „Денис и Денис“, кое ја одбележа музичката сцена од почетокот на осумдесеттите години, најави проштална турнеја во 2026 година, по која повеќе нема да настапува. Со оваа одлука се затвора едно исклучително важно поглавје од историјата на регионалната музика.
Препорачано
Клавијатуристот Давор Тоља и пејачката Марина Перазиќ заедно работат од 1982 година. Нивниот дебитантски албум „Чувај се“, објавен во 1984 година, ја доби наградата на списанието „Рок“ за албум на годината и ги вброи меѓу пионерите на електронската и синт-поп музиката на овие простори.
Меѓу нивните најпознати песни е синглот „Програм твог компјутера“, кој и денес, по повеќе од четири децении, се смета за еден од најпрепознатливите хитови на регионалната музичка сцена. Потоа следуваа и „Соба 23“, „Ја сам лажљива“, „Оазе снова“, „Ти и ја“, „Телефон“ и „Воли ме још ову ноќ“ – композиции што публиката ќе има можност последен пат да ги слушне во живо.
Прошталната турнеја, насловена „Последниот програм на твојот компјутер“, ќе опфати градови во Словенија, Србија и Хрватска. Првиот концерт ќе се одржи на 14 март во Љубљана. Претпоследниот настап е закажан за 28 март во Риека, а финалниот концерт ќе се одржи на 10 април во Загреб.
Беше секс симбол во Југославија: Турбулентниот живот на Марина Перазиќ


