Денес сум само во роденденски костим – Гвинет Палтроу позираше гола во дворот за својот 48-ми роденден! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Актерката го прослави својот 48-ми роденден така што на сите им покажа колку добро изгледа…

Актерката Гвинет Палтроу е позната по своите шокантни постапки и објави, како онаа дека нејзиниот сопруг живее во посебна куќа, па се до продажбата на свеќа со мирис на нејзината вагина.

Гвинет најмногу се гордее на својот изглед, односно на затегнатото тело. Пред две години, таа откри на црвениот тепих дека е задоволна што во доцните четириесетти години од животот може да носи кратки шорцеви без срам.

За да го прослави својот 48-ми роденден, Гвинет се соблече гола и ја објави својата фотографија на социјалните мрежи.

Додека нејзините обожаватели едвај го дочекаа ова, нејзината ќерка, тинејџерка се црвенее од срам.

„МАМО!!!“ коментирала таа под спомнатата фотографија.

„Денес сум само во роденденскиот костим“, напиша Гвинет, заблагодарувајќи им се на сите за честитките.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот