Дендиас: Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ (ВИДЕО)

Ние европските соседни земји на Западен Балкан потврдуваме дека регионот е интегрален дел од Европа, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас на отворањето на конференцијата насловена „Од Солун до Загреб”, на која учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Говорејќи на сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи”, Дендиас нагласи дека Солун е избран за домаќин на Конференцијата затоа што тука во 2003 година е утврдена Солунската агенда, која ги регулираше односоите меѓу ЕУ и Западен Балкан.

-Тука сме и затоа што Солун е крстосница на Истокот и Западот и го поврзува Западниот Балкан со три континети, додаде Дендиас.

Според него, овој собир се одржува во време кога ЕУ се соочува со глобални предизвици и кога изгуби една своја земја членка, па затоа во овој критичен момент мора да ја задржи европската идеја.

Тој потенцира дека политката на проширување важна за надминување на поделбите на континтот, додавајќи дека европската перспектива за земјите од Западен Балкан е во политички и еконoмски интетес на ЕУ и ќе придонесе за зајaкнување на единството на Унијата.

Според Дендиас, нема дилеми дека регионот и припаѓа на ЕУ, но западнобалканските земји мора да се посветат на владеењето на правото, почитување на човековите права и зајакнување на демократските институции. Дендиас потенцира дека ЕУ мора да ги испсолни своите ветувања за интеграција на земјите од регионот, со што ќе се постигне трансформација на Западниот Балкан, негово интегрирање во пазарот на Унијата, создавање поповолна економска клима, намалување на невработеноста, привлекување нови инвестиции и запирање на одливот на мозоци.

-Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ, истакна Дендиас.

По сесијата „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи”, која се одржува зад затворени врати и на која е предвидено обраќање на сите учесници, собирот ќе продолжи со работен ручек на тема „Западен Балкан во Европа: Патот напред”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот