Дело претставено на поштенската изложба во Краков

Дела на визуелниот уметник Златко Крстевски се претставени во Каиро и во Краков

По повод отворањето на новиот Големи египетски музеј во чест на најстарата цивилизација, кој е поставен пред пирамидите на Гиза во Египет, паралелно беше организирана и тематска изложба на современа уметничка карикатура од меѓународен карактер.

Со делото „Принцеза“, работено со кинески лавиран туш на изложбата во Египет учествува и македонскиот уметник Златко Крстевски. По изложбата делата се претставени на публиката на изложбено пано во египетското метро.

Куратор на поставката е професорот Фавзи Морси од Египет, во соработка со Друштвото на египетски карикатуристи и реномираниот портал за современа уметничка карикатура „Египтон“.

Паралелно, Златко Крстевски слика-диптих, инспирирана од средновековна прилепска икона, учествува на тематска меѓународна изложба на поштенска уметност во чест на годишнината на „Кафка“ во Краков, Полска.

Организирана од Академијата за убава уметност „Јан Матејко“ во Краков, поставката е курирана од проф. д-р Јоланта Кушмиерска и Збигњев Бајек.

– Овојпат инспирацијата беше една раритетна средновековна икона од локалниот Музеј, каде светецот-воин е претставен со кучешка глава со копје. Сигурно ова е редок пример на иконографија каде светецот бил Суперхерој во средновековието. Според истражувањата на Центарот за визуелни уметности „Визант“ ова е редок пример во религиозната уметност и симболизира „Суперхерој“, односно станува збор за Светец воин кој бил ангажиран како обезбедување на Големиот Исус. Во средновековието многумина прилепчани го чувале пред вратата како ретка икона-заштитничка, Света икона чувар од лоши пороци… Пред десетина години истата беше дел од интернационална изложба на која Македонија ја претставив во Музејот „Манга“ во Саитама Сити во Јапонија – објаснува уметникот Златко Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот