Дејвис куп: Македонските тенисери обезбедија опстанок во третата Европска група

Македонија оствари две победи во Дејвис Куп Групата „3“ во Улцињ, Црна Гора/Фото: mtftennis.mk

По поразот од Молдавија со 2:1, најдобрата македонска тениска репрезентација денеска славеше против Лихтенштајн со 2:0.

Мечот во Улцињ (Црна Гора) беше решен во сингл мечевите, во кои победи остварија Берк Бугариќ и Обрад Марковски и на тој начин е обезбеден опстанокот во Третата Европска група од Дејвис куп натпреварувањето.

Бугариќ убедливо со 2:0 во сетови го совлада Ерик Пепард, а Марковски со 2:0 беше подобар од Андреј Спасојевиќ.

Претходно во првите два меча, Македонија загуби од Луксембург со 2:1, а триумфираше над Црна Гора (2:1).

На конечната табела во групата „Б“ Луксембург го освои првото место, пред Молдавија, Македонија и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот