Дејан Георгиевски е европски шампион, златен на Европското клупско првенство во Талин

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски/фото: facebook/Дарко Костовски

Македонскиот таеквондо клуб „Бутел“ го најави настапот на Европското клупско првенство, нов голем успех запиша Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион од Токио.

Нашиот најдобар таеквондист се закити со титулата европски шампион на Европското клупско првенство во Талин, Естонија.

Заради добриот ранкинг нашиот натпреварувач во првото коло беше слободен, потоа со две убедливи победи го освои првото место во категорија 87+ килограми.

Најрвин запиша победа против Египќанецот Шериф Каири Амр славејќи со 21:17 во првата и 7:5 во втората рунда, а потоа триумфираше и против Милош Пилиповиќ од Норвешка со 6:1 во првата и 12:5 во втората рунда.

Ова е трет медал за таеквондо клубот „Бутел“ од Европско клупско првенство, две злата и едно сребро. Останатите борци од ТК Бутел беа солидни, но денеска за нив не беше денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот